Sunday, January 13, 2008

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Еколошкото друштво ,,Калинка„ е формирано во Валандово во 1994 година од група на ентузијасти со единствена цел заштита и унапредување на животната средина. Набрзо по одржувањето на основачкото собрание на кое беа избрани раководство и органи, формално беше регистрирано како задружение на граѓани и отпочна со работа.

Во годините што следеа ,,Калинка,, оствари( и остварува) многубројни проекти, работилници , изложби, акции ( преку 25 000 засадени дрвца) сама и во партнерство со владини и невладини, локални и национални организации со кои влијаеше на многу процеси како за заштита и унапредување на животната средина, така и за зајакнување и за подигање на еколошката свест кај граѓаните.

Во текот на досегашната работа Е.Д ,,Калинка има соработувано со

- ДЕМ Движењето на екологистите на Македонија (чија членка е)

- РЕЦ ( регионалниот еколошки центар)

- Кралство Холандија

- ИТЗ (Институт за трајни заедници)

- МЖСПП ( Министерство за живота средина и просторно планирање)

- ФИООМ ( Фондација институт отворено општество Македонија )

Локални партери на Е.Д ,,Калинка;, се

- Општина Валандово

- Шумско стопанство ,,Саланџак,,

- Ловно друштво ,,Орел;, - Валандово

- Извиднички одред ,,Младост, Валандово

- Локалната бизнис заедница

Денес Еколошкото друштво Калинка е синоним за работа, успешност и чесност на полето на екологијата, но и во многу други сродни гранки како образованието и културата кои сами по себе се наметнувале како сфери во кои треба да се дејствува.

Имиџот на Е.Д Калинка продолжуваме да го градиме и во иднина преку прифаќање на новите глобални појави и ќе ги користиме придобивките од новата дигителизирана ера. На овој сајт во секое време ќе можете да се информирате ( освен за сите досегашни ) за нашите идни активности, да коментирате, предлагате и следите она што го работиме.

ЕКО - ПОЗДРАВ